Услови за користење

Порталот eurobc.mk е сопственост на Еуро Бизнис Центар Скопје. Со користењето на порталот потврдувате дека сте запознаени со правилата и условите за негово користење и се обврзувате да ги почитувате наведените правила и услови. Со користењето на оваа веб-страница, корисникот е согласен да ги почитува позитивната законска регулатива, како и да се однесува според прифатливите етички и морални принципи на Република Северна Македонија.


Сите податоци објавени на веб страницата на Еуро Бизнис Центар Скопје се од информативен карактер и не може да предизвикаат правни дејствија и правни последици по Еуро Бизнис Центар Скопје.


Еуро Бизнис Центар Скопје не одговара за точноста на податоците објавени на веб страната на Еуро Бизнис Центар Скопје.


Еуро Бизнис Центар Скопје како креатор и сопственик на оваа интернет страна дава право да ги разгледувате сите материјали кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки.

 Крајниот корисник се обврзува да ги почитува правилата и условите кои се истакнати подолу во овој текст како и дека нема да репродуцира, дистрибуира, пренесува, препродава било која содржина, софтвер, производи или услуги добиени преку веб страницата без претходно одобрување од Еуро Бизнис Центар Скопје.


Еуро Бизнис Центар Скопје има целосно право на целокупната содржина на веб страницата. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршување на авторските права или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓанска и/или кривична одговорност.


Еуро Бизнис Центар Скопје го задржува правото во било кое време да ги менува содржината и дизајнот на својата веб страница како и да ги дополни или промени некои од услугите, во согласност со законските прописи.


Корисникот потврдува дека која било содржина од оваа веб-страница нема да ја користи во незаконски цели, ниту пак за нивно промовирање.
Еуро Бизнис Центар Скопје содржи и линкови до веб-страници надвор од сопствената веб-страница и тој не може да се смета за одговорен за содржините надвор од оваа веб-страница.


Еуро Бизнис Центар Скопје во своето работење го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои на кој било начин пропишуваат посебен третман на личните податоци на корисниците.