За Нас

Вие сте слободни да се грижите за Вашиот бизнис, ние се грижиме за Вашата канцеларија.

Еуро Бизнис Центар Скопје ДООЕЛ е компанија со долгогодишно искуство на македонскиот пазар која постои повеќе од 20 години и се занимава со сметководство, консалтинг и бизнис услуги. Како искусна и професионална компанија која располага со квалитетен кадар и ги има сите потребни лиценци за своето работење, нудиме целосна услуга и поддршка на мали и средни, новоосновани или веќе постоечки претпријатија како и претпријатија во основање.

Нашата компанија нуди помош при започнување на нов бизнис и регистрирање на нова компанија во Централниот регистар на Р. С. Македонија. Под ова се подразбира спремање на целокупна потребна документација за упис, комуникација со институции и советување за потребни чекори при упис на компанијата.

Во делот на сметководство и консалтинг нудиме квалитетно водење на финансиско и материјално сметководство како и целосна административна поддршка на клиентите, што вклучува:

  1. Водење на книги
  2. Книжење на документи
  3. Пресметка и поднесување на даноци
  4. Изработка и анализа на финансиски извештаи
  5. Пресметка на плати и администрирање на пријави и одјави на вработени
  6. Консалтинг услуги
  7. Комуникација со институции и банки
  8. Даночна и правна помош

Освен сметководство и консалтинг услуги, нашата компанија на своите клиенти може да им понуди и други услуги како што се:

  1. Виртуелна канцеларија
  2. Административни услуги
  3. ИТ услуги и веб дизајн
  4. Графички дизајн
  5. Преведувачки услуги
  6. Проект менаџмент
  7. Изработка на бизнис планови
  8. Организирање на настани и средби

Веќе 19 години по ред, Еуро Бизнис Центар Скопје ДООЕЛ исто така ја поддржува и промовира македонската економија и бизнис климата во земјата, преку издавањето на едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ која ги рангира најдобрите компании во Македонија, банките и осигурителните компании, според официјални податоци превземени од државни институции.

ЕУРО БИЗНИС ЦЕНТАР СКОПЈЕ
Е ИЗДАВАЧ НА ЕДИЦИЈАТА
200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Пријавете го Вашето учество во најновото 20-то издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании за 2022-ра година.

Нарачајте ја последната едиција 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, издание октомври 2022.

Станете дел од клубот на престижните.  Податоци, анализи, информации и новости.