виртуелна канцеларија

не биди зафатен
биди продуктивен

Концептот на виртуелна канцеларија не е многу познат на нашиот пазар, но сепак во светот е многу популарен.

 Што всушност претставува работењето преку виртуелна канцеларија?

Со постојаниот напредок во технологијата, се создаде можност оперативното работење да се врши од одредена локација без инвестиција во инфраструктура и вработување персонал. Користењето на виртуелна канцеларија овозможува пристап до модерна комуникациска технологија и обучен кадар. Накратко – вистинска вредност за Вашите пари.

 Какви услуги ни нуди виртуелната канцеларија?

  • Натпис со името на Вашата фирма
  • Ексклузивна локација и адреса која може да ја користите во деловната комуникација, меморандумите и визит картите
  • Рецепција
  • Лично примање телефонски повици во име на компанијата од понеделник до петок 08:00 – 16:00 и можност за 24-часовно користење на поштенско сандаче без трошоци за инсталирање на телефонска линија
  • Примање и испраќање пошта
  • Примање електронска пошта и одговарање на истата
  • Користење на обучен персонал
  • Користење на квалитетна опрема: брз интернет пристап, копир, печатач и компјутер
  • Користење на канцеларија за средби 2 дена во месецот 

Зошто да се одлучите за виртуелна канцеларија?

Виртуелната канцеларија, самата по себе нуди повеќе бенефити и поради тоа се повеќе се стекнува со популарност меѓу помалите бизниси кои имаат потреба од пониски трошоци во своето работење. Главни бенефити кои ги носи овој концепт за претпријатијата се:

  • Ниски трошоци
  • Заштеда на време
  • Едноставно регистрирање на локација
  • Нема формалности
  • Пристап до модерна комуникациска технологија
  • Пристап до обучен кадар
  • Користење на деловен и конференциски простор
  • Административна помош
  • Достапни во секое време
  • Брзо и навремено реагирање
  • Воспоставување глобален бизнис без инвестиции

ЕУРО БИЗНИС ЦЕНТАР СКОПЈЕ
Е ИЗДАВАЧ НА ЕДИЦИЈАТА
200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

Пријавете го Вашето учество во најновото 20-то издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании за 2022-ра година.

Нарачајте ја последната едиција 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, издание октомври 2022.

Станете дел од клубот на престижните.  Податоци, анализи, информации и новости.