сметководство и консалтинг
Секоја тешка задача изгледа полесна ако ја поделите на изводливи чекори
Еуро Бизнис Центар Скопје ДООЕЛ преку својата сестра-компанија, Еуро Бизнис Центар Консалтинг ДООЕЛ, врши сметководствени услуги и консалтинг.
Компанијата Еуро Бизнис Центар Консалтинг ДООЕЛ е лиценцирана компанија за сметководство и располага со квалитетен кадар за комплетна, навремена и темелна услуга. Во своето работење се стремиме на клиентите да им понудиме целосна услуга, почнувајќи од евидентирање и книжење на документи па се до комуникација со државни институции и присуство при вршење на контрола на финансиската документација на клиентот.
Меѓу другото, во сметководствените услуги можеме да ги понудиме следните:
- пријава/одјава на вработени,
- пријавување на боледување на вработени,
- пресметки на плати на вработените,
- финансиско сметководство,
- Комуникација со банки и други финансиски институции како и државни институции.
- изработка и анализа на финансиски извештаи
- изработка на годишни сметки (биланс на состојба и биланс на успех),
- пресметки на данокот на додадена вредност,
- поднесување на месечни и тримесечни ДДВ пријави
- пресметка на останатите јавни давачки,
- контирање и составување на налози за книжење,
- водење на главна книга (синтетика),
- водење на помошни книги (аналитика),
- водење на аналитика на купувачи и добавувачи,
- книжење на влезни, излезни фактури и банкови изводи,
- материјално сметководство,
- присуство на извршителот во случаите на вршење контрола над финансовата документација од страна на одговорно лице од инспекциските и други државни органи.
- Консалтинг услуги
Како компанија со долгогодишно искуство со домашни но и странски компании, нашето работење го имаме прилагодено за услужување на странски соработници, со што клиентите добиваат навремени податоци и извештаи прилагодени на нивните потреби и преведени на англиски јазик.
Освен сметководствени услуги, нашата компанија нуди и секаков вид на финансиски, деловни и даночни консултации. Консалтинг услугите се засноваат на нашето долгогодишно работење и познавање на сметководственото работење, законските регулативи и националните и меѓународните стандарди.
ЕУРО БИЗНИС ЦЕНТАР СКОПЈЕ
Е ИЗДАВАЧ НА ЕДИЦИЈАТА
200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ
Пријавете го Вашето учество во најновото 20-то издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании за 2022-ра година.
Нарачајте ја последната едиција 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, издание октомври 2022.
Станете дел од клубот на престижните. Податоци, анализи, информации и новости.