Што е виртуелна канцеларија?
Можност да воспоставите локален или глобален бизнис без инвестиции во инфраструктура и персонал.
Добивате пристап до модерна комуникациска технологија и обучен кадар. Накратко, виртуелната канцеларија
претставува идеално решение кое нуди вистинска вредност за Вашите пари.

Услуги кои се нудат во пакет при изнајмување на виртуелна канцеларија:
- Ексклузивна локација и адреса која може да ја користите во деловната комуникација, меморандумите
и визит картите
- Натпис со името на Вашата фирма
- Рецепција
- Лично примање телефонски повици во име на компанијата од понеделник до петок 08:00 - 16:00 и
можност за 24-часовно користење на поштенско сандаче без трошоци за инсталирање на
телефонска линија
- Примање и испраќање пошта
- Примање факсови и нивно брзо препраќање до Вас
- Примање електронска пошта и одговарање на истата
- Користење на обучен персонал
- Користење на квалитетна опрема: брз интернет пристап, копир, факс, печатач и компјутер
- Користење на сала за состаноци или конференциска сала 2 дена во месецот
Сите горенаведени услуги се групирани во 3 пакети при што секој пакет вклучува различни услуги и се
нуди по различни цени.
План 1:
Користење на адреса, прием и испраќање пошта, лично примање телефонски повици во име на компанијата
од понеделник до петок 08:00 – 16:00, прием и испраќање факсови, прием и испраќање електронска пошта.
Цена - 70 евра месечно
План 2:
Натпис со името на фирмата, користење на адреса, прием и испраќање пошта, лично примање телефонски
повици во име на компанијата од понеделник до петок 08:00 – 16:00, прием и испраќање факсови, прием и
испраќање електронска пошта, рецепциски услуги.
Цена - 120 евра месечно
План 3:
Услугите наведени во План 2 дополнети со користење на сала за состаноци/ конференциска сала 2 дена во
текот на месецот. Цена - 160 евра месечно
Забелешка:
Корисникот на услугата е должен дополнително да ги покрие трошоците за поштарина, телефонските сметки и сите други коресподентни трошоци.
горе |