За насКанцеларииСметководство200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт
Club 200

генерален спонзор:

makedonski

 

  Club 200

 






 
   
 
Вовед Органи на управување Новости

Во рамки на фирмата Еуро Бизнис Центар доо Скопје, како издавач на едицијата 200 најголеми фирми во Македонија, се организира КЛУБ 200, под генерално покровителство на АД Македонски Tелекомуникации.

Бенефиции за членство во КЛУБ 200:

    1. Целта на клубот е да обезбеди и понуди поширок спектар на услуги на своите членови
    2. Членството во клубот значи вклучување во поголема мрежа на контакти за внатрешна соработка, која секако ќе се зголемува со остварување на соработка и партнерство и со други клубови во земјата и странство;
    3. Членувањето во клубот има значајни користи, меѓу кои една од позначајните е лобирањето и претставувањето на членовите на локално, регионално и меѓународно ниво;
    4. Самиот клуб претставува и информативен сервис - извор на информации поврзани со режими и можности за инвестирање, трговски, царински, даночни процедури и регулативи;
    5. Клубот, како претставник на фирмите ќе дава предлози, забелешки по одредени предлог закони, правилници што треба да бидат донесени од страна на Владата на Р. Македонија;
    6. Сите членови на клубот, се претставени на веб страната на клубот, каде има и директен линк до нивната веб страна;
    7. Размена на знаење, искуство и информации преку организирање на семинари со експерти од земјата и странство.

Членувањето во клубот е доброволно и се постанува член со потпишување на Апликацијата за членство од страна на генералниот менаџер. Самото членството трае 1 година од денот на аплицирањето.

Членството за фирмите кои имаат закупено простор за претставување во едицијата 200 Најголеми, е бесплатно. За сите останати фирми износот на чланарината изнесува 70 EUR годишно + ДДВ, во денарска противвредност.

Станете член и искористете ги бенефициите што ги нуди членството во овој клуб.

Апликација за членство

горе