Бизнис услуги и решенија
доброто решение е добар бизнис
Меѓу другите услуги кои ги нудиме, Еуро Бизнис Центар Скопје е конципиран да дава неопходни решенија на компаниите и деловните луѓе, во високо професионална средина, со престижен имиџ. Без оглед дали Ви е потребна бизнис услуга или деловна поддршка, нашиот кадар е спремен и обучен да се погрижи за Вашите потреби.
Нашата компанија нуди помош при започнување на нов бизнис и регистрирање на нова компанија во Централниот регистар на Р. С. Македонија. Под ова се подразбира спремање на целокупна потребна документација за упис, комуникација со институции и советување за потребни чекори при упис на компанијата. Меѓутоа, освен што за нашите клиенти обезбедуваме административна поддршка, Еуро Бизнис Центар Скопје обезбедува и стратешки бизнис решенија кои им помагаат на бизниси кои се во зародиш, бизниси во рана фаза или веќе етаблирани бизниси. Ние успешно ги развиваме, дефинираме и позиционираме овие организации, обезбедувајќи ги притоа со менаџмент кој им е потребен за да ги задоволат своите потреби.
- Проект менаџмент за маркетинг комуникации и веб страни
- Креативен развој – дизајн, производство и дистрибуција
- Стратешки развој на маркетинг и маркетинг планови
- E-mail маркетинг
- Изготвување на писма
УСЛУГИ НА ПОДДРШКА
Нашиот квалификуван и обучен тим може да Ве води низ секој чекор неопходен за воспоставување на Ваше присуство – оставајќи Ви слобода да се сконцентрирате на Вашите клиенти и деловниот развој.
- Организирање на коктели,семинари, B2B средби
- Организирање и резервирање на патување и сместување
- Локален транспорт и изнајмување на возила (со или без возач)
- Консултантски услуги
- Привремен персонал
- Комплетна секретарска поддршка
ЕУРО БИЗНИС ЦЕНТАР СКОПЈЕ
Е ИЗДАВАЧ НА ЕДИЦИЈАТА
200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ
Пријавете го Вашето учество во најновото 20-то издание на 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ компании за 2022-ра година.
Нарачајте ја последната едиција 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, издание октомври 2022.
Станете дел од клубот на престижните. Податоци, анализи, информации и новости.