За насКанцеларииСметководство200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт

About Us Image - Diagonal Wave Lines

 

 

  Title - About Us

 






 
 
Станете агент Ziaja Kolastyna Carlo di Roma S&A
 


Ziaja          www.carlodiroma.com

Козметичката група Carlo Di Roma, е посветена на производство и продажба на козметички производи. Развивајќи производи со одличен квалитет – конкурентни цени, успева да прерасне во еден од најконкурентните брендови во овој сектор, достигнувајќи водство во однос на бројот на продадени производи во Европа.

Со повеќе од 350 производи во каталогот, кои константно се обновуваат со цел да одговорат на побарувачката, Carlo Di Roma нуди и гарантира квалитет на производите и секој производ има сертификат за оригиналност.

Carlo Di Roma работи со најквалитетни суровини од природно потекло и секој производ има модерна амбалажа кои ги задоволуваат сите најнови европски регулативи. Исто така, сите производи се анализираат во независни лаборатории, со што се гарантира нивниот квалитет.

Carlo Di Roma ги извезува своите производи во повеќе од 56 земји и годишно продава околу 52 милиони козметички производи. Поголемиот број на купувачи се од европските земји како Франција, Романија и др. Покрај во европските земји Carlo Di Roma е присутен и во земјите од Средниот Исток како и во Америка. Во иднина Carlo Di Roma ќе продолжи со зголемување на продажбата во овие земји, а истовремено ќе се фокусира и на освојување на нови пазари како сто се Африка и Азија.

Професионалниот тим на Carlo Di Roma е составен од 112 вработени во фабриката за производство, дистрибутивните продавници и во централните канцеларии, сите сместени во Барселона. Присутен во сите парфимерии, супермаркети и дрогерии, Carlo Di Roma е лидер во својата област не само во Шпанија туку и во другите земји. Околу 70% од продажбата е извезена во други земји, а остатокот од производите се продаваат во Шпанија.

Каталог Carlo Di Roma 2009
Каталог Pure 2009